4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Покрај зголемените пензии, дополнителна помош до 1.500 денари за пензионерите и до 3.000 денари месечно за загрозени категории на граѓани

Во парламентот помина одлуката за Финансиска поддршка до 3.000 денари месечно а различни категории на граѓаните, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Согласно законот предвидено е помош да добијат:

– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;

– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.

Со ова пензиите кои од септември се повисоки за илјадици пензионери, тие ќе добијат дополнително зацврстување на буџетот за време на кризата.

Мерките на Владата не запираат тука, со оглед дека од следната година е најавено зголемување на пензиите за околу 7%, но и на минималната плата, која се очекува да достигне 20.000 денари. Растот на минималната плата ќе повлече и раст на платите во сите сектори.