Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски од Белград: Северна Македонија донесе нова Стратегија за развој на енергетика, целосно базирана на Европскиот Зелен Договор

„Северна Македонија донесе нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година која е целосно базирана на Европскиот Зелен Договор и оваа Стратегија веќе ја имплементираме кај нас“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

Тој додаде дека во моментот во фаза на финализирање се неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании

„Нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледаме токму во обновливите извори на енергија, како и во обезбедувањето на базна енергија за одржувањето на стабилноста на системот. Ќе ги потенцирам, Ветерниот парк ‘Вирови’, од страна на германската компанија ‘Ви-Пи-Ди’, со инсталиран капацитет од 400 мегавати, потоа најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, ‘СТИПИОН’ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија ‘Акуо’, како и Митилинеос од Грција со изградба на 150 мегаватна когенеративна гасна електрана во Скопје“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека енергетската транзиција започна со инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“. Ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот, а дополнително објавен е јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ.

Ковачевски истакна дека во наредните две години треба да се пуштат во употреба 130 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиуми за кои се потпишани договори изминативе две години, а издадени се и овластувања за изградба на три ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 110 мегавати на приватни инвеститори.

„И на крај, за најзначајниот проект ‘Чебрен’, историски проект којшто за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект“ истакна Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе