23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Белград: Искористувањето на зелената енергија е можност регионот да се развие како енергетска сила

„Имавме можност со инвеститори од Норвешка кои се заинтересирани за вложување во капитални капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија да разговараме, но и да им ги презентираме нашите стратешки цели во делот на обезбедувањето електрична енергија од алтернативни извори. Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

Тој додаде дека ова претставува можност заеднички да се искористи глобалната енергетска криза за да се претворат државите од Западен Балкан во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја регионот, но и пошироко.

„За ублажување на последиците од кризата преземаме мерки сега, но и планираме и на среден и долг рок за да обезбедиме енергетска независност на Република Северна Македонија, но и на целиот регион. Владата на Република Северна Македонија како ниедна до сега вложува во енергетиката и во проекти кои на среден и долг рок ќе носат само бенефит. Посветени сме на енергетската транзиција на земјата, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност, но и за заштита на животната околина“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека во мандатот на неговата Влада веќе се инсталирани 27 мегавати фотонапонски централи во државата, што е за 11 мегавати повеќе од тоа што обеше напревено во 11 години претходно.

„Исто така сакам да порачам на странските инвеститори дека Република Северна Македонија успеа да го деблокира патот кон Европа, да влеземе во НАТО и да создадеме Отворен Балкан што ја става Северна Македонија во сосема поинаква позиција од онаа што беше само пред пет години“ рече Ковачевски.