Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Донесени уште три закони во рамки на 91. седница

Собранието, во рамките на 91. седница, која започна вчера (16.11.2022 година) донесе уште три закони.

Со 62 гласа „за“ е дополнет Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка беше изгласан со 41 глас „за“.

Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања пратениците, исто така, го донесоа со 41 глас.

Претходно Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 91.седница донесе пет одлуки од кои четири за испраќање на претставници на Армијата во меѓународни мировни операции.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Налети над 60 километри на час, еве каде ќе биде најизразен

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК