7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија: Се апсеше во Струмица, Демир хисар, Бит Пазар, Карпош, Блато…

На 15.11.2022 во 14.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.А.(33) од Кавадарци и К.А.(20) од Струмица затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.11.2022 во ОВР Демир Хисар, од Јавна здравствена установа Психијатриска болница- Демир Хисар било пријавено дека при контрола на пратка наменета за 20-годишен пациент од Охрид биле пронајдени марихуана и една таблета. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.11.2022 во 14.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Едницата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.К.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.11.2022 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.У.Т.(33) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.11.2022 во 16.25 часот на Граничниот премин Блато, полициски службеници го лишиле од слобода Т.И.(42) од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ издадена од Интерпол-Република Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

Спонзорирано: