12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Расчистен случајот во студентскиот дом Пелагонија, кривична пријава за тешки дела против општата сигурност

На 15.11.2022 во 10 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар.

Во службениот разговор тој го признал делото. Н.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по чл. 292 од КЗ.

Спонзорирано: