5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Oдржаната 36. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 36. Седница на која беа ставени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права и одлучи:

1.Реферат У.бр.94/2024
Не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020) во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и став 8: во делот „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“, како и член 17 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.“ од истиот закон; и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точка 6 од Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020).
Подносител: Здружение на граѓани „Ековита” од Неготино

2.Реферат У.бр.69/2022
Нe поведе постапка за оценување на уставноста на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022).

Подносител: Oливер Давидовски

3.Реферат У.бр.78/2022
Судот го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за наредната седница на Судот, поради отсуството на судијата-известител.
Оспорен: Член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Север- на Македонија“ бр.149/2021)
Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес
4.Реферат У.бр.190/2020
Не се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи.
Подносител: Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот Зоран Дабиќ.

5.Реферат У.бр.80/2021

Поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07- локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара со број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, само во делот за КП 490/2, КП490, КП493, КП 496/3, КП 498, КП 502, сите на КО Центар 2, кои се наоѓаат на ул.Козара-Капиштец.

Подносител на иницијативата: Томе Симоновски

6.Реферат У.бр.67/2022
Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки:
– Решение ГЖ.бр.1009/12 од 26.09.2012 година на Апелациониот суд Скопје;
– Пресуда П1-бр.133/12 од 28.12.2012 година на Основниот суд Кавадарци;
– Пресуда ГЖ.бр.904/13 од 17.10.2013 година на Апелациониот суд Скопје и
– Решение Рев2.бр.58/2014 од 13.07.2014 година на Врховниот суд на
Република Македонија.
Подносител: Орданчо Танчев
7. Реферат У.бр.30/2021
Го одби барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, за кои смета дека му се повредени со Решението К.бр.273/20 од 04.01.2021 година и Решението КС-КР бр.4/21 од 11.02.2021 година на Основниот суд во Кочани.

У.бр.233/2020

Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.

Подносител на иницијатива: Панче Докузов

Оспорен: Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.102/2019).