Не е новост кога ќе речеме дека историјата ни ја дава таа уникатна можност да го разбереме минатото за да се осознаеме подобро себе во сегашноста. Но, тоа понекогаш бара од нас сериозен напор кон преиспитување на самата историја , па дури и самата природа на историското знаење. Имено, филозофијата на историјата бара од нас во континуитет да пресипитуваме од што точно се состои таа – дали од индивидуални или колетивни дејствија, од партикуларни или општествените настани, или можеби од политичките, социјалнинте, културните, технолошките , природните структури, околности и контексти.
Како и да е, несомнено е дека сите наведени варијабли се значајни детерминанти за толкување на историските факти и сегогаш треба да се земат в предвид кога имаме намера да го презетираме минатото и настаните кои се случувале пред нашето време – а кои имаат значење за нас во сегашноста. Она што е важно исто така е дека историјата како и секоја друга наука која што има намера да се закити со атрибутот на хуманизмот, неможе и несмее да биде ослободена од морални, и етички консидерации, па дури и од субјектбини и херменевтички аспекти во анлизите. На пример, хегеловата филозофијата на историјата е интересна во таа смислам, зошто според него , историјата се разбира како процес кој се движи кон една многу специфична состојба – а тоа е ЦЕЛОСНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЧОВЕКОВАТА СЛОБОДА.
Имено, тој ја разоткрива врската помеѓу таканаречента „објективна“ историја и она што се нарекува субјективен развој на индивидуалната свест („дух/Geist “): како интимен аспект; и ова е централна теза во неговата Феноменологија на духот. Хегел ќе рече :„Историјата е процес преку кој духот се открива себеси и својот концепт“!. Тој со други зборови, укажува на низа специфични моменти сметајќи ги за значајни во т.н. светско –историска смисла , а кои ги поврзува со процесот на постигнување на последната фаза на историјата : а тоа е ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВАТА СЛОБОДА. Но, зошто тука зборуваме за Хегел и неговата рефецеријаност околу одност на историјата , свеста и слободата?
Причината е едноставна, прво, прашањето на слободата од секогаш било интересно за човекот како посебна индивидуа, но, исто така слободата е категорија со која се занимава и секој еден колектив. Колективот пак има капацитет да ја еродира слободтата на своите индивидуални членови, па така, слободата и концепциите што таа ги претсавува се многу и не ретко тие концепти запаѓаат во кондркторини динамики. Оттука, и историјата е преполна со примери во ги сретнуваме тие стремежи за слобода – како на колективно ниво така и на индивидуално ниво , секогаш рефлектирајќи ги кондадикциите кои го споменавме погоре.
Токму една таква контрадикторна диманика и интерпретација на слободата се случила и во рамките на нашата историја, ако воопшто можеме така да ја именуваме историјата на ВМРО – како наша?!
Со други зборови, периодите пред отелотелотворуивањето на државнио-правниот субјективитет на Македонската Република, а поврзани со ревуционерните движења кои се залагаат за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА – штo и да значи тоа ! се преполни со контроверзии! Тие секако поризлегуваат од различните интрепретации за тоа што е СЛОБОДЕН МАКЕДОНЕЦ и како треба да изгледа неговата СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?!.
Овие прашања се актуелни и денес, а не ретко се и легитимни.
Сепак, она што е застрашувчко, а е поврзано со барањата за ослободување на индивиудите и колективите- како во минатото така и дененс – е тоа дека НАСИЛСТВОТО, НЕ РЕТКО СТАНУВА ИНСТРУМЕНТ ЗА СЛОБОДА – па така и самата слобода не ретко е обремента од овие задушувачки нејзини еманирања, имено од насисливо и со нејзината злоупотреба.
Можеме да се запрашаме, зарем ова не е контрадикторно и контрапродуктивно?! Несомнено, одговорите ќе варираат.
Па така, ако ја прашате на пример Менча Корничу- осудената атентаторка на Тодор Паница, таа веројатно ќе одговори негативно на прашањето погоре. Затоа што убиството на Паница ќе биде извршено во име на осободување на Македонија – со што пред нас се разоткрива фактот дека во времето на Менча и Паница дефинитивно се етаблирале различните концепти и верувања во врска со тоа што е и каква треба да е слободната македонска република.
Случајот со атентатот на Паница, имено во една хегелијанска смилса го актуелизира токму прашањето за дострелите слободата, нив ги оживува токму во врска со македонското прашање – кое несомнено во времето пред македоснката државотворност а поврзано со ВМРО изобилува со контроверии, како што впрочем и атентатот на Паница ќе ни разоткрие.
За овој атентат во Автрискиот суд се процесуира и судски случај кој ја утврдува вината на Корничу, а од самиот негов стенорамски запсиник дознаваме дека во оваа организација постои хетерогено рзабирање на слободата.
Оттука може да разбереме и тоа дека македосната митогенезата за ослободувањето и осамојостувањето на македонскиот народ изобилува со толку различни сваќањаи и интерпретации што тоа значи Слободна Македонија – што сведочат серии на атитентати и убиства – во име на една таква “слобода “.
Но, каква е таа Слободна Македонија – дали е таа слободна во рамките на Бугарија , или е слободна во форма на Голема Македонија ?!
Уште повеќе, убиството на Паница и судењето на неговата атентаторка Менча во австрискиот суд, ни ја разоткрва и амбиваленцијата и хетерогеноста во разбирањето на слободата во тогашниот вмровски свет и поврзаните настани и личности , а посебно : Ванчо Михајлов!!!
Сите тие може да не доведат и до едно многу нелагодно прашање- имено, дали е можно се зборува за слобода и слободна Македонија во контекст на фашизмот?
Оттука, легитимно е прашањето дали е морално исправно да ја поврзуваме и интерпретираме историјата на Македонија со историјата на фашистокото крило на ВМРО, кога знаеме дека државотворната афирмација на Македонија се случи со АВНОЈ/ АСНОМ и ова е факт.
Роденa во Крушево, Мелпомена Димитрова Карничева ја познаваме како сопруга на Иван (Ванчо) Михаилов, и како атентаторка на Тодор Паница. Менча од тодорова блиска пријателка станува негов егзекутор , заради тоа што тој, од страна на врховистичкото крило е обвинет дека има врски со Коминтерната и со српските тајни служби и како што впрочем ќе дознаеме од одбраната на Менча – Паница бил прикажан како агент на српската реакција, односно бољшевистички платеник.
Но, Тодор Паница е само едно од 119 те убиства на членовите од Левото крило на ВМРО, кои биле под раководство на Димо Хаџи Димов, односно како што е наведено во Arbeiter Zeitung на 2.10.1925 ….убиството што го извршила Карничу е само едно од синџирот на убиства во страснство извршени од режимот на Цанков … Поточно, Паница како предводник на серска револуционерна група заедно со многу други ќе бидат екстермиринари од групата која ја предводат Цанков и Протогеров.
Од судењето на Менча, разбираме впрочем дека поделеноста во рамките на ВМРО се движи на линијата на врховисти наспроти автономистаи, на леви против десни, на социјалисти и фашисти, на врховисти и санданисти. Паница и припаѓа на автономашката санданистичка лево орјентира и социјалистичка групација, додека Сарафов,Гарванов, Протогеров, Цанков се во другата група. ОБЕТЕ ГРУПИ ИМААТ СОСЕМ РАЗЛИЧНО РАЗБИРАЊЕ НА ИДЕЈА ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.
Токлу различно што насилството ќе стане алатка во име на таа слобода. Уште повеќе, соработката на Ванчо Михајлов со НДХ и со Хитлер, од една страна и отелтворувањето на македонскиот државен субјетивитет во рамките на СФРЈ пред нас ја отвара можноста да размислуваме многу повеќе и многу подлабоко за нашата историја – посебно она пред државната, пред АВНОЈ/АСНОМ во 45тата.
Во тој правец, важно е и да нагласиме дека сепак, фашизмот иако бил инфилтриран во македонското ткиво, сепак македонската победа во борбата за слобода е поврзана партизанското движење и со социјализмот. Се чини дека тоа е среќна околност , оти фашизмот како антицивилазиски и антихуманистички проект сам по себе е во контрадикција со слободата. Затоа и епизодата на предржавната фашистчко- врхиовистичка историја на дел од ВМРО никако не треба да се заборави, но во контекст на тоа дека сепак била инвалидизирана со победата над фашизмот.
По овие наводи, сакам да запрашам дали свесно, во чие име и со каква визија за слободна Македонија, Г-динот Христијан Мицкоски ја даде онаа изјава во која несака јасно да се огради од врховизмот, во услови на полна уста антибугарски и антифашистички пароли ? па дури и рече дека го почитува континуитетот на врховистичкото наследство и Ванчо Михајлов, во услови на комплексни околности за Македонија. И конечно, како ги поврзува звчерашните изјави со оние од поодамна кога повика : “СЕ ОБЕДИНУВАМЕ КАКО ТЕНКИ ГРАНКИ ВО ЕДЕН СНОП” каде направи директна референца на Мусолини и фашизмот (за оние кои незнаат нека видат на Google што оваа реченица значи и нека го видат амблемот на италијанските фашисти ).
Накратко, дали митогенезата на ВМРО-ДПМНЕ е врховистичка и што значи тоа за Македонија денес?
Aна Чупеска
извор Либертас.мк