11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Во Луксембург започна билатералниот скрининг за поглавјето 18 – Статистика

Делегацијата на Република Северна Македонија, предводена од Заменик главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, денес во Луксембург го започна билатералниот скрининг за поглавјето 18 – Статистика.
– Статистиката е од особено значење за целокупниот развој на нашата држава, придонесува кон добро планирање и мониторинг на макроекономската стабилност, подобрување на бизнис климата, функционирањето на пазарот на труд и финансиите, подобар квалитет на образованието, инфраструктурата, иновациите, односно за унапредување на економската интеграција во Европската Унија, посочи Абдиу- Халили на состанокот.
Европското законодавство кое се однесува на статистиката во континуитет се спроведува и се изменува во насока на усвојување нови методологии, технологии и техники за собирање и анализа на податоците.
Претставници од Државниот завод за статистика, Министерството за внатрешни работи, Институтот за јавно здравје, како и други државни институции кои работат на ова поглавје ќе го презентираат пред експеритте на Европската комисија нивото на усогласеност на националната законска рамка со европското право кое се однесува на поглевјето Статистика. Исто така ќе се презентираат и степенот на имплементација на постоечката законска рамка, како и институционалните капацитети потребни за целосно спроведување на новите европски регулативи и директиви кои беа претставени од страна на Европската комисија за време на обајснувачкиот скрининг кој се одржа во септември оваа година.
Нашиот преговарачки тим е максимално посветен и подготвен за предизвиците кои следат.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.