Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Исчезнаа две малолетни деца од хотел во Дојран

На 18.07.2026 во 23:50 часот во Полициско одделение Нов Дојран, волонтер од Црвен крст пријавил дека две малолетни деца од „Мал групен дом“ во Кавадарци на возраст од 12 и 13 години се оддалечиле од хотелот во Дојран во кој престојувале на летување организирано од Центар за социјални работи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.