Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 за возење без возачка дозвола.
Во истиот период одземени се 23 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 125 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 183 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 18 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност. Санкционирани се и тројца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


