25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Со мојот албански колега потпишавме два акта со кои нашите две држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Денеска, на заедничката меѓувладина седница со Албанија, во име на Владата на Република Северна Македонија, заедно со мојот албански колега, министерот Бледар Чучи, потпишавме два акта со кои нашите две држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.

Првиот, Протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување на заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË. Со потпишувањето на овој Протокол ќе се олесни преминувањето на патниците и ќе се скрати времето на чекање на државната граница.

Вториот, Договор меѓу Влада на Република Северна Македонија и Совет на Министри на Република Албанија за формирање на заеднички работни тимови во областа на безбедноста и е во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Со склучувањето на договорот би се остварила директна соработка помеѓу двете полиции, односно помеѓу нивните работни тимови кои би се формирале, во насока на меѓусебна размена на информации, спроведување координирани активности, разгледување на соодветни тактики и други дејствија поврзани со кривични дела за чие расветлување е повеќе од потребна координирана и усогласена акција.

МВР на Северна Македонија и на Албанија бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво. Заедничкиот интерес за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка е изразена, меѓу другото, преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање на регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ и заедничкото учество во Регионалните иницијативи.