Centar.mk
КУЛТУРА

„MELEK“ аудио-визуелна инсталација од Адем Салиу

Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, 17 ноември, 19 часот

Почитувани
Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата/аудио-визуелна инсталација на слики од Адем Салиу насловена “МЕЛЕК”.

Како уметник, мојата креативност ја посветувам на дигитална уметност. Како уметник моите уметнички дела ги креирам исклучиво користејќи софтвери на дигитална платформа ,аудио и виртуелна слика со вештачка интелигенција – изразена преку видео. Во денешната се повеќе растечка култура на технологијата, нови и експериментални уметнички форми се повеќе се користат за создавање на аудио – визуелна инсталација.
Темата на моите проекти се севкупни лични искуства, збирка на истражувања, анализи приложено во аудио-визуелниот материјал. Овие проекти се анализи на менталната конфузија – реалност на растројствата на личноста. Дисоцијативните симптоми се однесуваат на тенденцијата за фантазија. Теоретските студии фокусирани на истражување на овие наоди сугерираат дека луѓето кои страдаат од овие нарушувања може да бидат склони кон мешање на содржината на нивниот сон со искуства во свесниот свет. Многу луѓе страдаат од ментално десинхронизација, вклучувајќи проблеми со тестирање на реалноста, кои се граничат со ментална болест.
Адем Салиу

Изложбата ќе биде отворена до 28.11.2022 година.

ФБ евент

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ – „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски освои Гран при во Токио

ДЕСК

Утре во КИЦ: Соња Стојменска-Елзесер ќе ја промовира „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски

ДЕСК

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК