Centar.mk
ЛОКАЛНО

Пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во Брусничка населба во Битола

Како резултат на соработката на општина Битола и компанијата IWConnect, денес беше пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во Брусничка населба, кое е дел од проектот на компанијата за реконструкција на спортски комплекс во оваа населба.
Денешниот настан, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, нагласувајќи дека, со ваков вид на проекти во иднина значително ќе се подобрат условите за спортски активности на младите во општината.

Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира. Тој нагласи, дека во тек е и втората фаза од проектот, која опфаќа реконструкција и на детското игралиште непосредно до кошаркарското.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК