Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени крадци од Битола, расчистени 18 тешки кражби

На 13.11.2022, полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б. В. (23) од Битола, Е. В. (29) од Битола и Х. В. (52) од с. Канатларци, Прилепско.

Тие се сомничат дека во последните два месеца извршиле 18 тешки кражби во куќи и ормани на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК