Во рамки на воспитно-образовните активности на ООУ „Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение остварија едукативна посета, на која имаа можност да се сретнат со градоначалникот Александар Георгиевски и поблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и улогата на градоначалникот во истата.
Градоначалникот Георгиевски им посака срдечно добредојде на учениците, изразувајќи задоволство од нивната посета и интересот за функционирање на општината.
Во текот на средбата, учениците поставуваа интересни прашања поврзани со надлежностите и секојдневното работење на локалната самоуправа, а градоначалникот со задоволство одговори на нивната љубопитност и им ги доближи активностите на општината.
Ваквите едукативни посети претставуваат одлична можност за најмладите да стекнат нови знаења, да ја развиваат својата љубопитност и да се запознаат со улогата и значењето на локалната самоуправа.
фото: Општина Илинден


