Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Нуредини: Реафирмиранa е добрата и успешна соработка во областа животна средина

На денешната втора седница меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Албанија ги потврдивме заложбите за интензивната соработка на двете земји давајќи пример за тоа како се градат добрососедски односи.

Седницата беше посветена на конкретни решенија за актуелни прашања со осебен фокус кон енергетиката кон којашто е свртено и вниманието на целиот свет.

Од аспект на заштита на животната срединa ресорните министерства веќе имаат изградено успешна соработка во прекугранично управување со водните и природните ресурси, конкретно со Охридското и Преспанското Езеро, управувањето со Дримскиот Басен како и прекуграничниот Биосферниот резерват на УНЕСКО Охрид- Преспа, за што се потпишани и реализирани повеќе договори и меморандуми за соработка.
Нови можности за сорабтока се отвраат и со прогласувањето на делот на Шар Планина во нашата држава за национален парк . Со поврзувањето и градењето на регионален пристап кон управување со заштитените подрачја кои граничат и природно се поврзуваат, НП Шар Планина, НП Маврово, НП Шари во Косово и споменикот на природата Коритник во Албанија се формира едно од трите најголеми заштитени подрачја во Европа , а тоа отвара нови можности за социо-економски развој.

Можеби ќе ве интересира

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

ДЕСК