Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Од утре голема промена на времето, доаѓа студ и дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.

Прогноза за 16.11.2022
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 17.11.2022
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 18.11.2022
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК