Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

25 санкции за непрописно вградени фолии

Министерството за внатрешни работи во периодот од 7.11.2022 до 13.11.2022 спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата, санкционирани се 25 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +