Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница работи отежнато поради сериозен технички дефект предизвикан од удар на гром.
Според информации објавени во српските медиуми, невремето предизвикало прекин на електричната енергија, а агрегатите не успеваат целосно да ги одржат во функција сите системи потребни за нормална работа на преминот.
Дополнителен проблем создава и нестабилната интернет-врска, поради што дел од службите не можат да функционираат со полн капацитет дури и таму каде што струјата е делумно стабилизирана.
Поради техничките пречки, на преминот се создаваат застои и сериозно забавување на процедурите. Патниците кои планираат да минуваат во вечерните часови велат дека се во неизвесност, бидејќи не знаат колку ќе се чека и дали состојбата ќе биде нормализирана.


