12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Моќно масло кое делува против вируси и спречува инфекции, никој не го користи затоа што не знае…

Ароматичното масло од чајно дрво се добива со седистилација од растението Melaleuca alternifolia кое расте во Австралија. Многумина ова масло го нарекуваат „прва помош во шише“ бидејќи одлично делува против бактерии, вируси и други штетни микроорганизми, а може да го зајакне и имунолошкиот систем.

Маслото од чајно дрво може да помогне во олеснување на голем број дерматолошки проблеми, како што се акните. Покрај акните, може да ги ублажи и проблемите со спортско стапало, егзема, разни габични инфекции итн.

Може да се користи како антисептик за исекотини и изгореници. Пареата од ова ароматично масло може да биде корисна за „чистење“ на дишните патишта. Ако имате проблем со синусите, тоа може да помогне во ублажување на непријатноста.

Ако имате проблем со мувла, измешајте масло од чајно дрво и вода и избришете ги местата. Кога перете алишта, можете да додадете неколку капки од ова масло во преградата за омекнувач и вашите алишта ќе мирисаат уште подобро.

Во шише со распрскувач можете да додадете две лажици од ова масло и половина литар вода. Во таа смеса можете да додадете и погруба морска сол и да ја користите за да ги избришете плочките во бањата.

Спонзорирано: