Сте забележале дека мачките имаат, можеби малку непријатна, навика да ве гледаат право во очи и да ве следат со очите, без да трепнат.
Мачките се суштества кои комуницираат со очите, а ваквиот начин на однесување може да укаже на неколку работи.
Најверојатно е дека мачката со оваа постапка сака да покаже доминација над вас. Експертите кои го проучувале однесувањето на мачките забележале дека мачките се обидуваат да воспостават доминација над другите живи суштества гледајќи ги во очи.
Во животинскиот свет, чинот на гледање без трепкање е универзален знак на агресија, заканувачко однесување и супериорност.
Ако го тргнете погледот додека мачката сè уште ве гледа, таа ќе помисли дека сте сфатиле дека таа е подобра, посилна и поважна од вас и се ќе биде во ред. Не се препорачува предолго да ја гледате во очи, бидејќи мачката може да се чувствува загрозено, поради што може да ве изгребе.
Гледајќи во очите на мачките, тие исто така сакаат да покажат заштитно однесување.
Затоа треба да бидете внимателни. За разлика од кучињата, чиј заштитен инстинкт е насочен кон вас, мачките се прилично себични.
Гледајќи директно во нејзините очи, таа ви покажува како изгледа нејзината „прва линија“ на самоодбрана.
Погледот на мачката може да укаже и на некои физички здравствени проблеми.
На пример, ако мачка ве гледа и нејзините зеници се стеснети, тоа е знак дека е опуштена. Проширените зеници може да индицираат дека има болка или дека нешто ја плаши. Треперењето на проширените зеници обично укажува на лутина, па најдобро е да го избегнувате некое време.
Веројатно сте свесни дека сте, всушност, слуга на вашето домашно милениче. Кога ќе ве погледне во очи и истовремено воздивнува, можеби ви кажува дека не ги извршувате како што треба секојдневните обврски и дека не сте ѝ дале храна или вода на време.
Најнеопасна и најчеста од сите причини зошто мачката вака ве гледа е нејзината љубопитност. Мачките се љубопитни суштества и сакаат да го проучуваат просторот и предметите околу нив.