12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За младешки изглед и затегната кожа: Три намирници кои го стимулираат ПРОИЗВОДСТВОТО НА КОЛАГЕН

Балансирана исхрана, која вклучува свежа и здрава храна е од суштинско значење за секој организам. Покрај општото здравје, изгледот и младоста на кожата зависи и од исхраната.

Колагенот е главен протеин важен за одржување на младоста и забавување на формирањето на брчките.

Во процесот на стареење колагенот се разградува и ја губи еластичноста, што може да се надомести со внесување на одредена храна.

Ако сакате да го подобрите изгледот на вашата кожа, да изгледате младешки и здрави, треба да ги вклучите овие три типа на храна во вашата исхрана:

Риба

Рибата, особено морската, е богата со минерали кои се одговорни за производство на колаген, од кои еден е цинкот. Содржи и многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на влажноста и еластичноста на кожата.

Чиа семе

Чиа семето е иднината на убавата кожа, пред се поради нивните неверојатни својства. Омега-3 масните киселини со кои се богати делуваат против акни и брчки, а многу поволно делуваат и на побрз раст на косата и ноктите.

Зелен зеленчук

Речиси сите зелени зеленчуци содржат хлорофил, пигмент кој го зголемува нивото на проколаген во телото. Хлорофилот исто така ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи за борба против слободните радикали и УВ зраците, кои ја оштетуваат кожата. Под ова подразбираме и авокадо кое содржи и корисни масти.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кои се шесте тајни на Мараја Кери за младешки изглед?

M T