Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Богоев: На трибините на СДСМ граѓаните најмногу ги поддржуваат антикризните мерки

„Најголемите пофалби на граѓанските трибини кои ги организира СДСМ се за мерките за ублажување на кризите, а најголемите барања се токму за нови мерки. Велат граѓаните супер е што носите мерки, добро е и ни помагаа, но треба и нови мерки“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека дискусиите и фокусот на граѓаните најмногу се вртат околу кризите и животниот стандард.

„Никој од граѓаните не споменува предвремени избори. Луѓето имаат друга мака. Во цел свет и куче и маче застануваат под еден чадор во ваква криза – и власта и опзицијата работат заедно. Само кај нас опозицијата не стои на ниво на задачата која светската криза ја налага“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека дури и кога опозицијата протува да глуми конструктивност тоа го прави на неумешен начин и нуди апокалиптични изјави – дека ќе се бугаризира државата, ќе снема струја, нема да има енергенси и слично.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +