Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Трагедија: Починал планинарот паднат во провалијата под Титов Врв

Еден од двајцата планинари кои вчера се изгубиле под врвот Титов Врв на Шар Планина почина по падот во провалија, неофицијално објави порталот МКД.мк.

Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за несреќата.

Како што претходно објавивме по добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, синоќа во тек беше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знаеше во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина. К

ако последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека беше пронајден едниот планинар, којшто е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се вршеше претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и било повредено.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +