16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Соработката со УНДП е важна и клучна за напредокот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со постојаниот координатор и претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григориан.

– Обединетите нации (ОН) и агенциите на ОН се наш децениски партнер во постигнувањето инклузивен и одржлив развој и постигнувањето реформски цели кои произлегуваат од националните приоритети, за што би сакал да изразам искрена благодарност, рече вицепремиерот Маричиќ на почетокот на средбата.

Маричиќ и Григориан разговараа за текот на пристапниот процес, како и за европските реформи кои Владата ги спроведува и во тој контекст потенцираа дека соработката со ОН е одличен пример за инклузивна донаторска поддршка која ги зема предвид сите релевантни чинители како националната и локалната власт, граѓанските организации, донаторите, приватниот сектор, медиумите и тоа во процесот на планирање, како и во процесот на спроведување на поддршката.

На средбата, Григориан посочи дека приоритетите на ОН за Северна Македонија согласно Рамката за развојна помош на ОН 2021 – 2025 година се одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските активности, природните ресурси и управувањето со ризик од катастрофи, транспарентното и одговорно демократско владеење, кои се целосно во согласност со националните приоритети за развој и полноправно членство во ЕУ.

Со вицепремиерот Маричиќ разменија мислења и околу потребите од поддршка од страна на УНДП за реализација на реформски проекти и други можности за интензивирање на соработката.

УНДП има спроведено над 200 проекти од осамостојувањето на земјата досега, кои вредат над 66 милиони евра, и тоа финансирани или кофинансирани заедно со други донатори, со што имаат дадено значаен придонес во развојот на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК