10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Добро е што Ковачки прифати ТВ дуел, ги поддржуваме медиумите да организираат телевизиско соочување

Соопштение на СДСМ:

Го поздравуваме фактот што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки собра храброст и прифати телевизиско соочување со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Веруваме дека граѓаните со задоволство ќе го следат овој дуел и ќе сведочат во разобличувањето на секојдневните пласирани лаги од страна на Ковачки.

Поддржуваме медиумите да организираат ТВ соочување и навремено да ги поканат двајцата претставници, а Ковачки да не се крие зад партиски центри за комуникации.

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ вакви соочувања на министер од Владата со пратеник или кој било претставник од опозицијата, беа незамисливи.