23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со членство во ЕУ го исполнуваме на аманетот на нашите предци

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечева на трибината која се одржа во Струмица потсети дека после 17 години минати во чекалницата, конечно започнавме преговори со ЕУ.

„Како Македонци со признат македонски идентитет, ги водиме преговорите за членство во ЕУ на официјален македонски јазик без никакви дополнителни фусноти и додавки.

Можеме со чист образ да се свртиме кон нашите предци и да кажеме дека успеавме да го оствариме нивниот аманет. Ја минуваме последната етапа од маратонот кон полноправно членство во ЕУ.

Овој концепт за Европска Македонија СДСМ ќе го предводи. Но, една политичка партија не може сама, во тој процес се вградени генерации политичари и граѓани, многу политички партии и општествени субјекти. Тоа така мора да продолжи, да се обединиме и да продолжиме кон ЕУ силно и одлучно, затоа што македонската иднината е европска“ истакна Ковачевски.

Тој порача дека сите ќе ги чувствуваат придобивките од членството во ЕУ и повика блокадите да престанат.

„Затоа на средба ги повикав лидерите на сите политички партии застапени во Собранието.

Имаме историска шанса која не смееме да ја пропуштиме. Мора сите да се вградиме во процесот, во обврските и работата, затоа што на крајот, сите ќе ги чувствуваме придобивките од полноправното членство. Уставните измени се дел од тој процес. Ако не ги направиме ќе дозволиме самите да си ставиме пречка, самите да се блокираме.

Сите оние од ВМРО-ДПМНЕ и Левица што мислат да продолжат да ставаат сопки треба да знаат дека сме поголеми од нивните сопки, посилни од нивните опструкции, поистрајни од нивните лаги.“ порача Ковачевски од Струмица.