На листата на навики кои го зголемуваат ризикот од рана смрт треба да се додадат седентарен начин на живот, неправилна исхрана и недоволно спиење.
Други фактори кои го зголемуваат ризикот од прерана смрт се пушењето, прекумерното консумирање алкохолни пијалоци и недоволната физичка активност.
Научниците од Универзитетот во Сиднеј веруваат дека нездравиот начин на живот е една од најчестите причини за скратен животен век и се надеваат дека нивното откритие ќе поттикне повеќе луѓе да направат барем мали промени во нивните животи. Во споменатото истражување учествувале повеќе од 230.000 возрасни лица на возраст од 45 и повеќе години.
Во период од шест години, тие откриле дека оние кои покажале ризично однесување, како што се пушење, зголемен внес на алкохол, физичка неактивност, лоша исхрана, долго седење и премалку или премногу сон, имале поголем ризик од раната смрт од оние чиј начин на живот не вклучуваше ништо од горенаведените, пишува Хафингтон пост.
Откриено е и дека луѓето чиј начин на живот вклучува физичка неактивност, долго седење, премногу спиење имаат ист ризик од рана смрт како и оние кои пушеле и често пијат алкохол прекумерно.
„Оваа анализа истражуваше четири воспоставени и два нови фактори на ризик, имено долгото седење и нездравото времетраење на сон, кои може да се додадат на индексот на однесување или комбинација на фактори кои го зголемуваат ризикот по здравјето“, објаснува д-р Мелоди Динг.