Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Арсовска викна полиција оти Трајко Славески и го украл микрофонот

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата, пишува СДК.мк

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.

Славески на денешната седница го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

„Бидејќи не ми е вратено копчето нема да може да се збори од говорница туку ќе зборите од место, а градоначалничката наместо да седи во магерешките клупи, може да дојде тука, до мене има микрофон“, рече Славески.

Арсовска потоа си постави подвижен микрофон кој никој не може да го исклучи. Одеше по салата, стоеше на говорницата и се кареше со Славески и дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Славески му рече дека е Хитлер, деспот и крадец.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

ДЕСК

НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ СЕ ПРИЈАВИЛА – Скопскиот Планетариум чека нов тендер

ДЕСК

НАПОЛНЕТЕ ВОДА НАВРЕМЕ – Најавен прекин на водоснабдувањето во Маџари

ДЕСК