Centar.mk
ЛОКАЛНО

За прв пат во Град Скопје признанија и награди за најуспешните наставници во средните училишта

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска им врачи признанија и награди на најуспешните наставници од средните училишта на Град Скопје

– Со оваа манифестација што за првпат се организира во Град Скопје, сакаме да го валоризираме трудот кој наставните кадри го вложуваат во образованието на младите и нивната иднина. Се гордееме со секој успех и секое достигнување на нашите ученици, а за тие успеси голем придонес имаат наставните кадри, кои се вложуваат да имаме нови генерации кои се квалитетни, емпатични и сигурни во своите знаења – рече градоначалничката Арсовска на денешното доделување на признанијата и наградите.

Град Скопје, во рамки на своите програмски определби, а со цел афирмација на постигнувањата и успесите на просветните работници од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ги промовира и валоризацира најуспешните наставни кадри. Наставниците се наградени за нивниот придонес во унапредувањето на наставниот процес, промоцијата на училиштето и остварените врвни резултати во работата.

Најуспешните 23 наставници од секое од средните училишта на Град Скопје, беа избрани од наставничките одбори, а во согласност со одредбите од Законот за наставници.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК