Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

145 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 40 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за користење мобилен телефон при возење…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +