Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДММ на хуманитраниот турнир, под слоганот ,,Млади и солидарни” во Струмица собира средства за младите и децата со попреченост

Регионален натпревар во рамките на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ се одржа денеска во Струмица во организација на Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ.

Младите од југоисточниот регион играа за хумани цели и заедно собираат средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

СДММ, со спортски активности, преку дружба и игра, реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, да бидат хумани, да се поддржуваат, да помагаат на оние на кои им треба помош.

Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака, стои во повикот на СДСММ.

Денешниот турнир којшто се одржа во Струмица, присуствуваше и даде свој придонес и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ кој ги поддржува овие хуманитарни акции на СДММ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК