Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

60-ГОДИШЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ НА СТАДИОН ВО РАВЕН: При увидот полицаец паднал во необележана шахта и тешко се повредил

На 21.09.2026 во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А.(45) од село Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А.(60) околу 07:00 часот заминал на работа во Гостивар и не се вратил дома, ниту одговарал на телефонските повици. По преземени мерки и активности, на 22.09.2026 година во 00:20 часот, А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во село Равен, а во непосредна близина била пронајдена моторна пила.

Смрт констатирал лекар од Ургентниот центар Гостивар, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и Територијалната противпожарна единица Гостивар.

За време на вршење на службените дејствија на местото на настанот, околу 01:50 часот, полицискиот службеник, еден полициски паднал во отворена и необележана бетонска шахта со длабочина од околу 1,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

ДЕСК

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК