17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски меѓу нашите исселеници во црквата ,,Св.Наум Охридски” во Тринген, Швајцарска Конфедерација

Денеска, (06.11.2022г) во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација, министерот Оливер Спасовски заедно со амбасадорот во Берн, во Швајцарската Конфедерација, г.Кенан Рамадани и г-ѓа Мелехат Муфтаровска, министер советник како и свештенството и претседателството на црковниот одбор се сретна со нашите сограѓани, во македонската православна Црква, „Св. Наум Охридски” во Тринген.

Согласно веќе воспоставената практика за време на работниот престој во странство да се остваруваат средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, денеска по првпат после многу години министер доаѓа во неформална посета и средба во оваа наша македонска заедница со исселеници, за што министерот Спасовски упати искрена благодарност за поканата и изрази задоволство од денешнава средба истакнувајќи дека црквата е белег на македонскиот народ, на нашата традиција, место што обединува и зближува каде се чувствуваме како дома. Министерот Спасовски разговараше со нашите сограѓани на повеќе теми од значење и интерес на присутните и упати посебна благодарност до свештенството за зачувувањето на семејните и традиционални вредности и посебности на македонската култура.

Спонзорирано: