Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скандалот од 136 милиони евра е најголемиот „проект“ на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Денеска Христијан Мицкоски организираше партиски панаѓур каде градоначалниците му реферираа на шпицниот градоначалник наместо на граѓаните од кои земаат плата.

Нула нови проекти, масовна партизација и расипничко трошење на парите на граѓаните, тоа е отчетот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за првата година мандат.

Скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица е најголемиот „проект“ на локалната власт и шпицниот градоначалник Мицкоски.

Мицкоски на сличен настан оваа година даде ветување дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика.

И каде се денес автобусите и фабриката? Никаде ги нема, како што ги нема ни помпезно најавуваните проекти во програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде ќе ги нема ниту ветувањата што од партискиот панаѓур денеска ги дава Мицкоски, неговите градоначалници се најнеспособните градоначалници.

Можеби ќе ве интересира

СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ НАПАДНАТ 20-ГОДИШНИК ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Приведен 43-годишник во Нераште

ДЕСК

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО МЕНУВАЧНИЦА, ПА ПОВТОРНО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА – Пријавен инцидент во Гостивар

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

ДЕСК