На 18.11.2026 во 14:20 часот во ОВР Гостивар, 45-годишен жител на гостиварско Здуње пријави дека на 17.11.2026 околу 15:20 часот во менувачница во Гостивар, по претходни недоразбирања, сопственикот на менувачницата се обидел физички да го нападне и со огнено оружје му упатил закани.
Подоцна, сопственикот на менувачницата дошол во неговата канцеларија и повторно му упатил закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


