23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мојата визија е држава во која нови домашни и странски инвестиции се секојдневие

Мојата визија е економски стабилна држава, членка на ЕУ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Кавадарци.

„Мојата визија е држава во која нови домашни и странски инвестиции ќе се секојдневие, држава во која младите ќе сакаат да останат затоа што ќе бидат рамноправни со нивните врсници од ЕУ. Земја која се потпира на индустриите на иднината, како зелената енергија, со добри работни места со високи плати.Тоа е концептот за Европска Македонија, држава во ЕУ со заштитен македонски јазик и македонски идентитет со сите обележја, дел од ЕУ горди Македонци“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски повика на широка поддршка и заедничко делување.

Но знам дека тој пат нема да биде лесен исто како што знам дека визијата без акција на крајот избледува и исчезнува. Ве повикувам на заедничко делување. Повикувам на поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните.“ повика Ковачевски.