23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Мицкоски блокираше 100 милиони евра помош, јас обезбедив 80 милиони помош од ЕУ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Кавадарци на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски блокираше средства од 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и енергетскиот систем на држабата.

„100 милиони евра во време на криза блокираа. Европската банка за обнова и развој, достави информација дека го сопрела заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра. Само затоа што законот за негово одобрување предолго е блокиран во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.“ порача Ковачевски.

Ковачевски посочи дека јасна е разликата помеѓу неговиот пристап и пристапот на Мицкоски.

„Јас, Димитар Ковачевски со моите политики: обезбедив 80 милиони од ЕУ дирекна поддршка за енергетската криза и 100 милиони долари од САД за Армијата а Мицкоски блокираше 100 милиони евра од ЕБРД во Собранието во време на криза. Ете тоа е разликата.

Да не ги споменувам овде средствата од ММФ од 530 милиони евра, од Ерсте 50 милиони, од Дојче Банк во висина од 250 милиони, пари кои се справување со енергетската криза и за поддршка, за антикризните мерки за ранливите и компаниите“ порача претседателот Ковачевски во Кавадарци.

Ковачевски оцени дека меѓу Мицкоски и Груевски нема никаква разлика.