Астролозите ни откриваат дека од 30 октомври до 12 јануари 2023 година ќе се одвива ретроградната фаза на Марс во Близнаци. Како ќе влијае неговата енергија врз нашите животи? Како ќе функционираме? Каде ќе ја насочиме нашата енергија? Кои ќе бидат нашите следни чекори?
Во периодот што следува добро е малку да се забави, да се преиспита, промени или поправи она што не функционира. Затоа, не влегувајте во конфликти и расправии кои не водат никаде. Доколку плановите и желбите не се остварат бидете трпеливи и почекајте работите да дојдат на свое место.
Со ретроградниот Марс во знак со кој владее Меркур, можеме да очекуваме некои нејаснотии, тешкотии или доцнења во комуникацијата и движењето. Можно е зборовите да предизвикаат голем гнев.
Проблеми со интернетот, социјалните мрежи, тешкотиите со сопственото возило или проблеми во односите со соседите и блиските роднини е нешто што ќе нè следи во наредните месеци.