Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Лукаревска: Имаме приоритети со кризата, изборите ќе бидат во 2024 година

Според потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска парламентраното мнозинство е стабилно. Коментарот следува откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека преку распуштање на Собранието со 61 пратенички глас треба да се оди на предвремени параментарни избори.

-Секојдневно разговараме со нашите коалициони партнери и за било какви дилеми да имаме, тоа ќе се надмине по пат на разговор и дебата. Не можеме да бидеме сите исти, имаме различни постулати во програмите, но парламентарните избори ќе бидат заедно со претседателските во 2024 година, рече Лукаревска.

Таа додаде дека сега има енергетска криза, се чувствуваат последиците од корона кризата, недалеку се случува воена криза, па затоа воопшто не е период за предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +