Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Зечевиќ во Крива Паланка: СДСМ е македонски печат на европската идеја

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладневно ги продолжи интензивните теренски активности и средби со членовите и симпатизерите на партијата во североисточниот регион на државата.

На работен состанок со членовите на општинската организација во Крива Паланка, Зечевиќ зборуваше за државничките политики на СДСМ и во изминатите 31 години но и нивното значење денеска, за европскиот пат и македонската иднина.

-СДСМ е печатот на македонската европска идеја. Од кандидатскит статус до почетокот на преговорите со заштитен македонски јазик. Ние сме носителите и наша обврска за иднината на оваа земја, овој концепт на Европска Македонија во целост да го релизираме. Членство во ЕУ како Македонци значи исполнување на последната стратешка и национална цел. Рамноправни во европското семејство на народи, со подобар животен стандард и сигурна иднина, рече Зечевиќ.

Придонесот на секој член на СДСМ во реализацијата на овие стратешки, државнички цели е огромен и значаен. Почеток на преговори со ЕУ со македонски јазик, постигнат благодарение на визијата и одлуките донесени од СДСМ, е континуитет на тој современ македонски патриотизам, додаде Зечевиќ.

-Успеавме политички и економски да ја стабилизираме земјата. Сега од нас зависи. Од секој член на СДСМ очекувам максимална мобилизација, присутност на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите и работа за реализација на овие високи, државнички и национални цели. Затоа што од нашиот активизам, од нашата работа, зависи иднината на државата, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК