Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Каевски: Мицкоски да биде сериозен и да се појави на лидерската средба, не да спинува дека немал покана

„Поканата од Владата е упатена јавно до сите партии. Не знам дали ова е уште едно мислење на Мицкоски, доаѓам – не доаѓам, па не знае која реченица да ја одбере, па спинува дека не добил покана. Потребно е да покажеме сериозност, нова вредност на политичката сцена и заеднички да носиме одлуки за клучните прашања“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и најави оти верува дека ќе ја прифатат поканата за да се разговара суштински и со аргументи во овие кризни моменти.

„Несериозно е да се настапува со изјави дека не добиле покана во време кога треба да се чекори напред, да се следат европските текови, да се продолжи европскиот пат и да се намалат последиците од енергетската криза“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да калкулира и да манипулира со народот за ситни политички поени, како што тоа го правеше со обвинувањата дека со гласањето на заклучоците за преговарачката рамка во Собранието се прави асимилиација на македонскиот народ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК