Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Бислимовски: Да најдеме решенија да се избегне поскапување на струјата за домаќинствата

„Треба да застанеме малце, да ја нагазиме топката да размислиме да видиме дали имаме потреба од зголемување на цена на електрична енергија’, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бисломовски, во интервју на Телма. Ток додаде дека кога зборува за зголемување, мисли пред се за цената на домаќинствата.

– Во изминатиот период да имавме зголемување, имаше потреба, бидејќи се случија драматични промени на пазарот на електрична енергија, не само во Македонија туку и во цела Европа, кажа Бислимовски.

Според него, РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија, само врз основа на данокот на додадена вредност ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија.

-Мислам дека ќе треба да разгледаме и ние за да се даде малку простор и за други покреативни решенија со цел да се избегне ова зголемување, порача Бислимовски.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата во Македонија – Колкава ќе биде корекцијата на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК