Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски со покана за лидерска средба до парламентарните политички партии

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Ве информираме дека поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година (среда).

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК