14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скандал на Мицкоски во Бугарија- се скара со внукот на Никола Вапцаров

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград влезе во конфликт со бугарски државјанин кој се претстави како внук на Никола Вапцаров.

Внукот на Вапцаров кажа дека никој не го поканил на отворањето на клубот и на Мицкоски се обиде да му подари книга за Никола Вапцаров. Лидерот на опозицијата ја одби книгата и му порача дека тој ќе донесе книги од македонската историја.

„Следниот пат ви ветувам дека ќе ви дадам книга. Вие читајте ја и учете ја вашата историја, а ние ќе ја читаме и учиме нашата истрија“ рече Мицкоски.

Со ваквите настапи, Мицкоски и опозицијата создаваат дополнителна нетрпеливост меѓу двете земји и двата народа, наспроти декларативните заложби дека се за соработка и пријателство.