24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Делчево: Четирите букви на СДСМ означуваат патриотизам, европски вредности и државнички одлуки!

„После 17 години во чекалницата, започнавме преговори со ЕУ. За нас Македонците што е уште поважно започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, никој да не може повеќе да ги оспорува или негира. Тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 букви“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево.

Тој додаде дека од ЕУ добиваме силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза, пари од кои првата транша е во износ од 80 милиони евра, кои ќе може да ги користеме на почетокот на наредната година.

„Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија. Исклучително важно во време на глобална енергетска криза“ кажа Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека земјава напарави историски исчекор и го потпиша Договорот со Фронтекс, првиот договор кој ЕУ го потпишува на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без други појаснувања.