Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за младите продолжува активно да работи на подобро утре за секој млад човек.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ги најави трите клучни мерки кои адресираат егзистенција и домување на младите. Тоа се конкретни проекти, подготвени да се преточат во законски решенија, со однапред јасен начин на спроведување.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10% од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната.

Втората мерка исто така е наменета за млади до 35 години, но за оние што сакаат да градат свој дом. Секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба нема да плаќа комуналии на општината. И за оваа мерка исто така е предвидено законско решение.

Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. За да се  спроведе истата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку поволности и за други услуги.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!

ДЕСК

Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

ДЕСК

Тренчевска: СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите

ДЕСК