12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Оние кои ја добија довербата да управуваат со Скопје се обвинуваат меѓусебе, а на крајот страдаат Скопје и скопјани

На прашањето дали тоа што градот Скопје ги оставил средните училишта без обезбедување бидејќи имал план да отвара своја агенција за обезбедување, можеби не е поврзано со овие лажни пријави, министерот Спасовски рече дека се разгледуваат сите аспекти, но дека не треба да се прејудицира пред да заврши истрагата, која ќе ги даде сите одговори.

„Сето тоа што се случува во градот на политички план, да тие кои што практично ја добија довербата да управуваат со градот, гледаме како сега во моментот се однесуваат. Од една страна самите си организираат протести против себе, самите покажуваат колку едните или другите биле виновни, а на крајот страдаат Скопје и скопјани. Апсолутно на никого не му е важно што мисли од една страна градоначалничката и што мисли партијата која што ја поддржа и предложи или кои се нивните интереси“, рече Спасовски.