12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Крива Паланка: СДСМ интензивно инвестира и работи во североистокот, регион кој 11 години беше запоставен од ВМРО-ДПМНЕ

„Североистокот на земјата 11 години беше целосно запоставен од ВМРО-ДПМНЕ. Но, сега тука е СДСМ и работите се сменија, интензивно се гради низ целиот овој регион. Од најзапоставен, денес е регион кој е најактивен, доживува градежна, културна, економска и социјална експанзија“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Крива Паланка.

Тој кажа дека во овој регион се градат и реконстурираат клучните патни правци, како експресниот пат Крива Паланка-Ранковце, дел од Коридорот 8, во вредност од 60 милиони евра, магистралниот пат Куманово-Страцин, вреден 12 милиони евра, реконструкцијата на стариот пат од Крива Паланка до Ранковце, третата лента од Крива Палнака до Деве Баир, проект вреден над 10 милиони евра.

„Го пуштивме во употреба системот за наводнување „Славишко поле“, во Општина Ранковце, финансиски поддржан од ЕУ. Станува збор за организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците. Издвоиме нови 28 милиони денари за Крива Паланка во Програмата за рамномерен регионален развој, директно за проекти во село Кркља и повеќе улици во Крива Паланка со вкупна должина од 1.223 километри. Интензивно се реалзираат проектите финансирани преку ТАВ програмата“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека Домот на култура во Крива Паланка конечно добива нов лик, по 40 години, како и дека со поддршка на општината, Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во градот се обнови и градинката „Детелина“.